Македонија

По целодневна расправа, советот без одлука – „Ниту еден политичар не се споменува во „Рекет“

Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, 3 часа даваше образложение пред Советот на Обвинители зошто Катица Јанева ја испрати во затворот Шутка. Советот за обвинители, на чело со Коле Штериев, треба да одлучи за разрешувањето на специјалната обвинителка. Тие по повеќе од седум часа расправа, доцна попладнево ја прекинаа работата без одлука. Штерјев рече дека поради утрешниот празник со работа ќе продолжат во четврток.

Рускоска изјави дека Заев е спомнат само во делот каде што Јордан Камчев кажал дека пријавил кај него и дека не се спомнуваат други политичари.

Членовите на Советот на обвинители дебатираат за иницијативата за разрешувањето на Јанева, иницијатива која треба да се испрати до Собрание.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни