Индонезиските власти речиси три часа издадоа предупредување за цунами по силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени со епицентар длабоко во морето што утринава ги потресе ретко населените острови Танимбар во Индонезија.
Засега не се регистрирани значителни промени на нивото на морето во областа на земјотресот и предупредувањето е укинато.
Властите известија за најмалку четири последователни потреси по земјотресот, кој беше почувствуван и во северна Австралија. Според првичните информации на индонезиската агенција за одговор при природни катастрофи, на некои згради е направена само мала штета.