Македонија

Победничкото ѕвонче повторно одекна на Детската клиника: Херојот Бајрам ја доби тешката битка

Победничкото ѕвонче повторно одекна на Детската клиника: Херојот Бајрам ја доби тешката битка

Универзитетската клиника за детски болести соопшти за нова радост и уште една победа на мал херој. Бајрам силно го заѕвони „победничкото ѕвонче“, означувајќи дека ја доби тешката битка.

„Победничкото ѕвонче повторно силно одекна, за сите да слушнат дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја совлада тешката битка“, информираат од Клиниката за детски болести.

Од Клиниката му посакаа на Бајрам многу здравје и среќен живот, исполнет со радост и успеси.

Минатата недела, на „победничкото ѕвонче“ чукна и малиот Ефнан, најавувајќи уште една радосна победа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни