Македонија

Почина бизнисменот Огњан Циговски

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишна борба со болест, почина бизнисменот Огњан Циговски, кој со години беше едно од препознатливите имиња поврзани со развојот и управувањето со Скијачкиот центар Маврово.

Циговски беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово, а во март 2021 година беше избран и за претседател на Скијачката федерација на Македонија (СФМ).

Во текот на својата деловна кариера, Циговски беше главен управувач и сопственик на „Ресорт Маврово“, во чии рамки функционираат Скијачкиот центар Маврово и хотелите „Бистра“, „Спорт“ и „Лодка“.

Во мај 2025 година, тој официјално го продаде својот сопственички удел од 80 проценти во „Ресорт Маврово“ на австралиски бизнисмен со македонско потекло, преку компанијата „Епинал Холдинг“.

Циговски беше активен и во скијачкиот спорт. За претседател на СФМ беше избран на вонредно собрание во март 2021 година, свикано од дел од скијачките клубови.

Неговиот избор, сепак, беше проследен со несогласувања и оспорувања. Неколку матични скијачки клубови побараа поништување на процедурата за избор.

Со неговата смрт заминува човек кој значаен дел од својата професионална кариера го посвети на скијачкиот туризам и спортот во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни