Почина Декс Карви, син на американскиот комичар и актер Дејн Карви, имаше 32 години

Почина Декс Карви, син на американскиот комичар и актер Дејна Карви. Имаше 32 години.

„Доживеавме страшна трагедија. Нашиот сакан син Декс почина од случајно предозирање“, се вели во објавата на Инстаграм потпишана од Дејна Карви и неговата сопруга Пола.

“Тој беше исклучително талентиран за многу нешта – музика, уметност, снимање филмови, комедија… Го сакаше животот. Правеше сè забавно. Но, најмногу од се го сакаше своето семејство, пријателите и својата девојка. Мислиме на сите вас кои се борите со зависност или познавате некој што се бори со зависност. Вие сте во нашите срца и молитви“, додале тие во објавата.

ТМЗ објави дека Декс починал кога пристигнала 911, која ја повикала неговата девојка. Според извештајот, тој се заклучил во бањата и не реагирал на никакви дразби кога бил пронајден. Брзата помош наводно се обидела да го оживее, но безуспешно.

Дејна Карви е најпознат по неговите седум сезони како член на актерската екипа во емисијата „Saturday Night Live“ на NBC од 1986 до 1993 година, што му донесе пет последователни номинации за Primetime Emmy награда. И неговиот син Декс тргна по неговите стапки. Во последните неколку години се занимава со стенд-ап комедија.

Покрај Декс, Дана го добила и синот Томас со сопругата Пола.