Енди Тејлор, гитаристот на легендарната британска група „Дуран Дуран“, почина на 65-годишна возраст по долга и храбра борба со рак на простатата, соопштија членовите на групата.
Неговата сопруга Трејси во име на семејството упати емотивна порака, истакнувајќи дека зад успешната музичка кариера стоел посветен сопруг, татко и дедо.
„За светот, Енди беше брилијантен гитарист, но за нас беше прекрасен сопруг, грижлив татко и најгордиот дедо. Тој беше столбот на нашето семејство“, напиша таа.
Со емотивна порака се огласи и фронтменот на „Дуран Дуран“, Сајмон Ле Бон.
„Во моето срце остана огромна празнина во обликот на Енди Тејлор. Никогаш нема да се затвори. Ќе ми недостига и ќе го сакам до крајот на животот“, порача Ле Бон.
Тејлор се прослави во осумдесеттите години како член на британската група, која постигна светска слава со хитовите „Hungry Like the Wolf“, „Rio“ и „A View to a Kill“.
Членовите на групата се простија од својот колега, нагласувајќи дека неговиот препознатлив гитарски звук, енергијата и смислата за хумор оставиле неизбришлива трага во нивната музика.
Со смртта на Енди Тејлор, музичкиот свет загуби еден од препознатливите гитаристи на генерацијата што ја одбележа поп и рок-сцената во осумдесеттите години.