Свет

Почина и третиот голем кит кој беше насукан на плажите на Бали

Почина и третиот голем кит кој беше насукан на плажите на Бали

Кит долг 17 метри умре откако се насука на плажа на индонезискиот остров Бали, изјави претставник на заштитата на животната средина.

Тоа е третиот кит кој се насука и умре за нешто повеќе од една недела.

Конзерваторите имаат намера да направат обдукција за да ја утврдат причината за смртта на китот, иако велат дека е изнемоштен и изгледа болен.

Во средата кит долг 18 метри бил пронајден жив насукан на плажа на истиот, источен брег на Бали, па бил извлечен и пуштен, но без видливи повреди починал неколку часа подоцна на друга плажа.

На првиот ден од април, кит од 11 метри бил пронајден мртов на плажа на југот на Бали.

Во 2018 година, еден кит беше пронајден мртов со повеќе од 100 пластични чаши и 25 пластични кеси во стомакот, што укажува на драматичните последици од ѓубрето во морињата во Југоисточна Азија. Се верува дека во тој регион Индонезија е втора земја која фрла ѓубре во море, по Кина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни