Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и мајка на неговите три најстари деца, неочекувано почина денеска во нејзиниот стан во Њујорк, соопштија официјални лица.
Таа имаше 73 години.
„Многу сум тажен да ги информирам сите оние кои ја сакаа, а ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, се вели во соопштението на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Таа беше прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот. Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа беше толку горда на нив, како што сите ние бевме толку горди на неа. Почивај во мир Ивана“, додава Трамп.
