Почина новинарката Ирена Радовановиќ

Новинарката Ирена Радовановиќ почина денеска, оставајќи зад себе значаен белег во новинарската професија. Веста за нејзината смрт предизвика тага кај семејството, пријателите, колегите и пошироката јавност.

Според објавата од семејството, погребот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота) во 11 часот на гробиштата во Радишани.

Се вчитува...

„Пријатели, познаници, колеги, роднини! На 8 мај 2026 од овој земен свет замина нашата светлина, Ирена Радовановиќ. Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на 9 мај 2026 (сабота) во 11 часот. Ве замолуваме, ако некогаш ве носи патот до некој храм, запалете свеќа и помолете се за нејзината душа. Го сакаше Господ, ги сакаше луѓето, го сакаше животот – за жал, прекратко. Нека ѝ е лесен и светол патот“, стои во соопштението на семејството.

Ирена Радовановиќ ќе остане запаметена по својата посветеност на професијата и човечноста.