Свет

Почина познат јутјубер, сопругата: „Тој беше најдобриот човек“

Почина познат јутјубер, сопругата: „Тој беше најдобриот човек“

Познатиот Јутјубер, Бен Потер, почина на 40-годишна возраст.

Потер, познат на интернет како „Комиктор“ бидејќи најмногу се занимавал со стрипови, починал од, како што рече неговата сопруга Натали, „несреќен случај“.

Таа ја објави трагичната вест на Твитер профилот Comicstorian, пишувајќи: „Пред два дена на 8-ми јуни, мојот сопруг Бен Потер почина во несреќа“.

Таа ја пофали неговата работа и рече дека тој „за многумина бил човек кој зборува за стрипови“.

„За неговите најблиски, тој беше еден од најдобрите луѓе што можевме да ги замислиме“, додаде таа.

Потер има повеќе од 3 милиони претплатници на неговиот канал на YouTube и има објавено повеќе од 4.000 клипови.

Последното видео на YouTube на неговиот канал беше објавено само еден ден пред неговата смрт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни