Свет

Почина познат пејач: Беше член на бенд, пееше голем хит кој сите го знаете

Почина познат пејач: Беше член на бенд, пееше голем хит кој сите го знаете

Пејачот на рап-рок групата „Crazy Town“ почина на 49-годишна возраст.

Според полицијата во Лос Анџелес, Шифти Шелшок, чие вистинско име е Сет Бинсер, починал на 24 јуни во својот дом.

Причината за смртта се уште не е позната.

Нивната песна „Butterfly“ беше светски хит, но поради неа беа наречени чудесна група со еден хит.

Бинсер со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол, па дури беше и во кома.

Зад себе остави три деца.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни