Македонскиот пејач Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа се соочуваат со голема семејна трагедија по смртта на нивниот четиригодишен син Петар. Веста за загубата ја објави самиот пејач на својот профил на Фејсбук.
Малиот Петар беше роден во декември 2021 година како трето дете во семејството, покрај нивните две постари ќерки. Повеќе детали за причините за смртта засега не се познати.
Стојаноски, кој е долгогодишен вокален изведувач и член на хорот при Националната опера и балет, во изминатите години ретко се појавуваше на музичката сцена, посветувајќи се целосно на приватниот живот и семејството.