Починал затвореник во затворот во Штип, информира МВР. Вчера во околу 09 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Штип било пријавено дека 42-годишниот Д.Ч. од Штип, кој бил на издржување на казна затвор, починал.
Се вчитува...
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип и телото на починатото лице било предадено за обдукција.
