Денеска се навршуваат 24 години од почетокот на НАТО бомбардирањето на СРЈ. Во нападот учествуваа сили на 19 западни земји, а воздушните акции, кои траеја 78 дена, беа извршени без одобрение на Советот за безбедност на ОН.
Нема конечни податоци за бројот на жртвите од бомбардирањето, а според податоците на Министерството за одбрана на Србија загинале 1.031 припадник на војската и полицијата и околу 2.500 цивили, од кои 89 биле деца, а околу 6.000 цивили и 5.173 војници и полицајци беа тешко и лесно повредени. Инфраструктурата, комерцијалните објекти, здравствените установи, медиумите и воените објекти беа сериозно оштетени.
Првиот Дневник со вознемиреност се чекаше по почетокот на НАТО агресијата, кога беше објавена страшната вест.
– Непријателските авиони на силите на агресорот НАТО околу 20 часот извршија ракетни напади врз нашата земја. Во првиот бран на агресија, авијацијата на НАТО гаѓаше цели во Приштина, Куршумлија, Даниловград, Нови Сад, Панчево и Подгорица. Пред неколку минути беше даден сигнал за воздушна опасност за Белград. Почитувани гледачи, останете мирни – ова беа зборовите што водителката ги изговори на почетокот на Дневник.
За време на нападот беше искористен воздушниот простор на Хрватска, Унгарија и Албанија . Воените сили на Северноатлантската алијанса грубо ја нарушија територијата на суверена Југославија и брутално ги загрозуваа животите на нејзините граѓани.