Македонија

Почна евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Почна евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток започнува денеска преку комерцијални чартер-летови, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Министерството веќе склучи договор со авиокомпанија по спроведена постапка за јавна набавка, а планот предвидува сите граѓани кои побарале помош да бидат вратени дома до средината на следната недела.

Целиот процес е под координација на Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Според официјалните податоци, досега се евидентирани следните бројки:

  • Катар: Од 150 контактирани лица во Доха, 95 побарале евакуација.
  • Обединети Арапски Емирати: Амбасадата во Абу Даби ја контактирале 585 лица.
  • Останати земји: Пријавени се 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Саудиска Арабија.

Од МНР упатија уште еден повикот до сите граѓани кои се наоѓаат во овој регион, а имаат потреба од асистенција, веднаш да стапат во контакт со дежурните телефони на претставништвата или на СОС-бројот на Министерството. Техничките детали за летовите ќе се утврдуваат во координација со авиопревозникот, за што пријавените граѓани ќе добијат дополнителни информации.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни