Македонија

Почнува судењето за организаторите на „27 април“

Денеска почнува судскиот процес за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април. Во Кривичен суд веќе пристигна екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а покрај него обвинети се екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Според ОЈО, осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта.

За таа цел материјално ги поддржале масовните протести, кои кулминираа со упадот во Собранието на 27 април.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни