4NEWS.mk

Почувствуван земјотрес во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчера во 20 часот и 56 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 км западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот било почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни