Свет

Подготовките за избор на нов папа се во тек

Подготовките за избор на нов папа се во тек

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со голем дел од кардиналите кои првпат ќе учествуваат на конклавата.

На конклавата што ќе го избере новиот папа учествуваат 135 кардинали, кои следната недела ќе се соберат во Систинската капела за да го изберат наследникот на папата Франциск, пишува денеска Гардијан.

Голем број од кардиналите кои ќе гласаат беа назначени на конклавата од самиот папа во изминатите 12 години, а 20 функционери ја добија титулата кардинал само во декември минатата година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни