Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело обвинителен предлог против лицето кое е познато во јавноста како „Ел Чека“ за сторено продолжено кривично дело – неовластено прислушкување и тонско снимање.
Во последно време, како што е наведено во соопштението, зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори.
-Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“. Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности, се наведува во соопштението.
