Реисот Сулејман Реџепи честитајќи го празникот Рамазан Бајрам порача: Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот.
Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава. На молитвата во 5:45 минути по повод празникот присуствуваа голем број верници, кои согласно мерките за заштита носеа заштитни маски.
Поглаварот беше на молитва во Мустафа – пашината џамија во Скопје.
Мирјана Давидовска

