Силен земјотрес со јачина од 6 степени во близина на Столац е почувствуван во многу градови во БиХ.
Според читателите на N1, тој се чувствувал во Сараево, Мостар, Требиње, Бања Лука, Љубиње…
U blizini Narodnog pozorišta u #Mostar nakon #potres pic.twitter.com/JltYkErITo
— Jabuka.tv (@jabukatv) April 22, 2022
Мостарчани на улиците „Се тресеше, веднаш излеговме надвор “, вели една видно мирна госпоѓа.
Дел од оџакот од зградата кај Народниот театар се урна на улицата Маршал Тито, но за среќа нема повредени. Полицијата блокирала дел од улицата, а пристигнале и пожарникари. Ова ќе биде непроспиена ноќ во градот на Неретва.
Мостарчани од страв ги напуштија домовите, а според фотографиите што ги добивме од терен се урнати дел од фасадите на зградите.