Доколку сте меѓу оние кои ја обожаваат серијата „Сексот и градот“, едвај го чекате долгонајавуваното продолжение „And just like that“. Продукцијата реши дополнително да ја скокотка фантазијата на фановите, па објави нов трејлер за серијата, кој е веднаш зад аголот.
Новото поглавје од култната серија „Сексот и градот“ се вика „И само така“, а во него ќе ги гледаме добро познатите – Кери (Сара Џесика Паркер), Шарлот (Кристин Дејвис) и Миранда (Синтија Никсон ), додека Саманта (Ким Катрал) нема да биде.
Сепак, кругот на пријатели се прошири, па сега тука се агентот за недвижности Сима (Сарита Чоудури), документарецот Лиза (Никол Ари Паркер) и професорката Ниа (Керен Питман).
Како што е најавено, серијата „And Just Like That“ на HBO Max пристигнува на 9 декември.
