Погледнете во луксузната вила на Конор МекГрегор од 1,5 милиони евра - 4NEWS.mk
Поврзи се

Живот

Погледнете во луксузната вила на Конор МекГрегор од 1,5 милиони евра

Конор МекГрегор изгуби од Кабиб Нурмагомедов во Лас Вегас, но тој пораз не му паднал многу тешко бидејќи повторно убаво заработил, а веќе најавил и реванш. Дека добро му оди на финансиски план, докажал и ова лето со купувањето на луксузна вила во шпанска Марбеља, чија вредност се проценува на околу 1,5 милиони евра, пишува “The Mirror”.

Луксузната вила на југот на Шпанија се наоѓа во комплексот “The Heights”, а освен теретана, содржи голем надворешен базен, вински подрум, но и влезна капија осветлена со LED. До базенот 30-годишниот Ирец може да се спушти директно од спалната соба, која гледа на брегот.

Домот на брегот се наоѓа во рамките на “country gold” клубот “Ла Ресина”, а Ирецот не е единствена ѕвезда која се поврзува со тој имот. Хери Винкс, младата ѕвезда на Тотенхем, и Томас Соренсен, стоперот на Стоук Сити, исто така имаат имоти таму.


Од друга страна, Кабиб Нурмагомедов на Инстаграм покажува колку се гордее со своето родно село Силди на врв на планина и родната куќа во која има метални кревети и пластични столчиња.

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com