Свет

Погребано е кучето трагач Протео, кое загина при спасување во Турција

Погребано е кучето трагач Протео, кое загина при спасување во Турција

Погребано е саканото мексиканско куче-трагач Протео, кое беше пронајдено мртво под урнатините на зграда во Турција, каде се обидуваше да најде жртви.

Во неговото последно испраќање учествуваа членови на мексиканското Министерство за национална одбрана.

„Длабоко жалиме за загубата на нашиот голем придружник, кучето Протеа. Ја исполнивте вашата мисија како член на мексиканската делегација во потрагата и спасувањето на нашите браќа во Турција. Ви благодариме за вашата херојска работа“, соопшти претходно Министерството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни