Темата за војната во Украина се разговараше и на самит во Бугарија. За тоа во Софија пристигна еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
Конференцијата се фокусираше на зајакнувањето на регионалната соработка и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, но настаните во Украина ги однесоа првите минути од дискусиите.
Според зборовите на министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, „На Украина во моментов и е одземено правото како независна држава да одлучува за својата иднина“.
Поранешниот министер за надворешни работи и претседател на Атлантскиот клуб Соломон Паси смета дека „Европа треба да се запраша кога и што згрешила, за да дозволи она што во моментов се случува во Украина“.
На темата Северна Македонија, Бугарија го потврди својот став, изнесен од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на нашиот југозападен сосед е предуслов за почеток на разговори со Скопје.
Но, се слушнаа и спротивставени ставови дека треба да се укине ветото и да почнат преговори, па дури потоа да се исполнат условите на Бугарија.
„Пристапот 4 плус 1 ги гарантира правата на Бугарите и Хрватите и Црногорците да бидат вградени во Уставот на Северна Македонија. Како тоа може да се случи е прашање на долг разговор. Според мене, најреално е ако се укине ветото и Бугарија даде зелено светло за првата меѓувладина средба и отворањето на првото поглавје за да се најде начин Бугарите да се вклучат во уставот како конститутивен елемент“, изјави европратеникот Илхан Ќучук.
Министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, заменик-министерката за надворешни работи на Турција и поранешна дипломатка на ЕУ Федерика Могерини се во Софија за да учествуваат на форумот.