4NEWS.mk

Полицајци нападнати од дрвокрадци меѓу Долно Количани и Пагаруша

Синоќа околу 23 часот полициски службеници на локалниот пат од село Долно Количани кон село Пагаруша, скопско, додека вршеле службени дејствија, дале знак за запирање на две товарни возила натоварени со дрва, при што едното товарно моторно возило не ја почитувало наредбата и се насочило кон полициските службеници.

Притоа, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух и во задната гума, но возилото на застанало.

По преземени мерки, во село Пагаруша било пронајдено товарното возило „Застава“, кое било одземено со огревните дрва, а известена била и Шумската полиција.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни