Полициски службеници од СВР Скопје вчера привеле 14-годишно момче од главниот град, откако кај него била пронајдена марихуана. Случајот се случил на подрачјето на скопската општина Центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил лишен од слобода на 5 мај 2026 година, а пронајдената дрога била одземена од страна на полицијата.
Се вчитува...
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
