4NEWS.mk

Полицијата уапси силувач, една година се криел во планина меѓу скопските села Паничари и Букович

Изминатава ноќ, скопските полицајци уапсиле осомничен за силување кој скоро една година бил во бегство, по него била распишана и потерница. 

Неофицијално уапсениот скопјанец е осомничен за силување на член на неговото потесно семејство, односно инцест. 

Полицијата го лоцирала осомничениот дека се крие во планина меѓу скопските села Паничари и Букович. Тој направил импровизирано живеалиште во планината, каде што и престојувал изминатава една година. 

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни