Македонија

Полицијата „улови“ 217 возачи кои возеле брзо

Полицијата „улови“ 217 возачи кои возеле брзо

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 217 возачи.

-Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни