Рано утрово во 02,10 часот во с.Чегране–гостиварско, во угостителски објект сопственост на А.Н.(49) од с.Чегране, при акциска контрола од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, биле приведени 11 женски лица од кои седум од Р. Албанија, една од Косово и три од РСМакедонија. Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
Претходно во 00,35 часот во с.Желино–тетовско во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) од с.Желино, при акциска контрола од страна на полициски службеници од СВР-Тетово, три албански државјанки биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. При фотодокументирање на настанот од крим.техничар од СВР-Тетово, од страна на гостин во објектот Ш.И.(48) од с.Желино бил нарушен јавниот ред и мир, поради што бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
