Македонија

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала денеска е прогласен за почесен граѓанин на Скопје на седница на Советот на Градот, за неговиот подвиг во подводната пештера Врело на Матка и придонесот во меѓународната промоција на градот.

Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, Питала достигнал длабочина од 338 метри. Подвигот го остварил со поддршка на тим нуркачи од Македонија, Полска и Италија.

Според објавата за доделувањето на признанието, со ова нуркање Врело станала најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Во објавата се истакнува дека успехот претставува можност за поголема меѓународна промоција на Матка и Скопје и за привлекување туристи, истражувачи и љубители на природата. Истовремено се нагласува и обврската за зачувување на природното богатство.

„Со ова признание, Скопје му оддава заслужена почит на човекот кој ги помести границите на истражувањето и ни даде уште една голема причина за гордост“, се наведува во објавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни