4NEWS.mk

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2

Полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Киев повика на укинување на балтичкиот гасовод „Северен поток 2“, кој ги поврзува Русија и Германија.

„Не може да има враќање во нормала во односите со Москва“, рече Дуда денеска на самитот на Кримската платформа.

Според него, „потребна е нова политика која ќе го отстрани Северен поток 2“, јави полската новинска агенција ПАП.

Полска и другите источни членки на ЕУ долго го критикуваа руско-германскиот проект, посочувајќи дека тој му дава дополнително влијание на Кремљ во Европа во време кога енергетската безбедност на ЕУ е доведена во прашање.

Во февруари германската Влада одби да го пушти во промет гасоводот поради руската инвазија на Украина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни