Попладнево во 17:30 часот најниска температура имало на Попова Шапка каде се измерени 10 степени.
Најтопло е во Велес, Струмица и Гевгелија каде се измерени 25 степени.
Се вчитува...
Следуваат 14 степени Крушево, Маврови Анови, 17 Лазарополе, 18 Охрид, Берово, 19 Прилеп, Претор, 20 Битола, Крива Паланка, 21 Виница, 22 Тетово, 23 Штип, 24 Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија.
Претпладне беше сончево и тивко, а во текот на денот облачноста постепено се зголемуваше. Дуваше слаб до умерен северен ветер.
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и тивко.
