Свет

Поплави во Шпанија: Над 200 лица загинаа

Поплави во Шпанија: Над 200 лица загинаа

Најмалку 205 лица загинаа во поплавите на југоистокот на Шпанија, покажува новиот биланс објавен од службите за итни случаи. Најголем број жртви 202 има во регионот на Валенсија, а загрозени се и соседните Кастилја-Ла Манча и Андалузија.

Непознат број луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Повеќе од 1.000 војници од единиците за итни случаи се распоредени во опустошените области.

Медитеранскиот брег на Шпанија често е погоден од бури и поплави наесен, но поплави од ваков размер не се регистрирани со години.

Шпанија сè уште се опоравува од големата суша, а со рекордно високите температури за овој период од годината, исушената земја тешко апсорбира големи количини вода.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни