4NEWS.mk

Поповска: Има време за јавна дебата, за измени на Изборниот законик

Се уште има време и простор за јавна дебата за измените на Изборниот законик, посочија подносителите на овие измени одговарајќи му на собранискиот спикер Талат Џафери на вчерашната изјава дека е доцна и дека деловнички нема можност за јавна дебата.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ уште еднаш потенцираше дека дебатата ќе биде на 25-ти месецов, а потоа го повика и претседателот на матичната комисија Александар Кирацовски да ја почне  седницата на Комисијата, а паралелно да се преведуваат непреведените амандмани.

Елена Милошевска

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни