4NEWS.mk

Поради коронавирусот одложени едукативните патувања во Италија за грчките ученици и студент

Со одлука на министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, се одложуваат сите планирани едукативни патувања во Италија за учениците и студентите, поради коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

-По потврдените случаи на коронавирусот во делови од соседната земја и соодветната препорака од Националната организација за јавно здравје, дејствуваме превентивно, ги заштитуваме нашите ученици, студенти и професори од заразниот вирус. Приоритет секогаш е заштитата на граѓаните и јавното здравје на земјата, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Доцна синоќа, според грчките медиуми, во Министерството за здравство на Грција се одржал вонреден состанок поради последните случувања во Италија и потврдените три смртни случаи.

Било одлучено да не се преземат дополнителни мерки, но и дека не е потребно учениците кои сега се во Италија, по враќањето да бидат ставени во карантин или пак да бидат под надзор.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни