Поранешен советник на Путин: Загубата на бродот „Москва“ е неуспех на руската армија

Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави за Би-Би-Си дека рускиот крстосувач Москва потона откако беше погоден од проектил што НАТО и го достави на Украина во јануари.

Тој вели дека загубата на бродот е неуспех на руската армија. „Тоа се случи затоа што Русија не се бори само против Украина, туку и против коалицијата на големите сили“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана продолжува да тврди дека штетата на бродот е предизвикана од несреќата. Украинската влада и Западот тврдат дека бродот бил погоден од неколку украински проектили.