Поврзи се

4NEWS.mk

Поранешниот премиер и претседател на Ерменија осомничен за проневера на милион долари

Published

on

Ерменската Служба за специјални истраги денеска соопшти дека поранешниот претседател и премиер на оваа земја, Серж Саргсијан, е осомничен за вмешаност во проневера на повеќе од милион долари државни средства наменети за субвенционирање на  гориво за земјоделците.

-Текстот продолжува по рекламата-

Истражителите од него побарале да не го напушта главниот град Ереван и во него да ја чека истрагата.

Според ерменскиот закон, доколку се докаже вина тој може да биде осуден на казна до осум години затвор.

Саргсијан на функцијата премиер се префрли во 2018 година, по двата мандати минати на функцијата претседател на Ерменија, но набрзо потоа беше симнат од власт од демонстрациите што ги предводеше Никол Пашинијан, кој подоцна го замени на местото претседател на ерменската Влада.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com