Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
И во Скопската Котлина ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Времето во следните денови: Во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.