Балкан

Поскапуваат патарините кај нашиот северен сосед

Поскапуваат патарините кај нашиот северен сосед

Вчера во српската влада падна за поскапување на патарината за 14 проценти.

Поскапувањето за возачите на патнички автомобили, во зависност од делницата, ќе се движи најмногу до 200 динари, а на најфреквентните делници во просек ќе изнесува 50 динари.

Според извештаите, патарината ќе се зголеми за 14 отсто за оние кои нема да платат такса за користење на автопатот преку електронскиот уред за наплата на ЕНП, додека возачите кои го користат тој уред ќе имаат зголемување од 8 отсто.

Имајќи ги предвид актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе се искачи до околу 200 динари. Ќе поскапи од 60 до 100 динари кај најфреквентните.

Нови цени за најфреквентните делници

Белград – Чачак            535 динари

Белград – Ниш               1.014

Белград – Нови Сад        273

Белградска Суботица     730

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни