Последен ден од 2018 година, празнична атмосфера, најмалите ги кажаа своите желби

Доаѓањето на Дедо Мраз во Скопје оваа година беше поразлично. Тој пристигна со електричен автомобил. Со црвена облека, ѕвонче во рака, и впечатливи чизми, ги собра децата околу себе. Тие нетрпеливо го чекаа на плоштадот. Тие му ги кажаа на Дедо Мраз нивните желби. Андреа има едно посебно барање. Нејзината желба е добар  успех на училиште за неа и сите деца.

„За Нова Година? Сакам да имам петки, успеси и да ми донесе играчка. Сакам и другите да имаат петки, здравје, радост и љубов“, дете ги кажува своите желби во новата година.

Се вчитува...

Желбите на децата се безбројни.

Малечката Маја му испеа песничка на Дедо Мраз. Дедо Мраз посака бериќетна Нова Година и многу среќа.

И градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов упати честитки за Новата Година.

Прославата на плоштад Македонија се одржа во утринските и пладневните часови, со песни и танци. Освен Дедо Мраз, имаше и дизни ликови кои ги забавуваа децата. Во рамки на денешната програма се одржа и претставата “Волкот низ приказните“.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21