4NEWS.mk

Последните должности на Хари како член на кралското семејство

Британскиот принц Хари денеска во шкотската престолнина Единбург учествува на конференција посветена на туризмот, што е една од последните негови учества во јавните задолженија на британското кралско семејство.

Војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и неговата сопруга, Американката Меган Маркл во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на кралското семејство и оти повеќе време ќе минуваат во САД, со цел да бидат финансиски понезависни.

Хари и Меган официјално на крајот на март ќе се повлечат од канцелариите во Лондон. Заедно со синот Арчи тие веќе неколку седмици се наоѓаат во Канада. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни