ПОСЛЕДНОТО ПРОРОШТВО НА БАБА ВАНЃА: Откако ги кажала овие зборови, се случило нешто неверојатно!

Еве што предвидела таа кон крајот на животот

Иако многу од нејзините пророштва не се остварија, она што и понатаму и дава углед се некои големи настани кои се случиле во минатото, а кои оваа баба, како што многумина веруваат, успеала да ги предвиди.

Се вчитува...

Слепата пророчица почина пред 26 години, но нејзините наводни предвидувања за секоја година ги оставила до 5079 година, кога според неа, ќе дојде крајот на светот.

Малку е познато што пророкувала Вангелија Пандева Димитрова, Баба Ванѓа пред нејзината смрт, а тоа се однесува на целото човештво.

Пророчицата, која ослепела на 12-годишна возраст со потекло од Македонија, последните години од животот живеела во бугарското село Рупите, бидејќи оваа област ја сметала за извор на енергија.

Баба Ванѓа почина на 11 август 1996 година, а пред нејзината смрт испрати важна порака до идните генерации. Нејзините последни зборови беа:

– Ќе дојде време на чуда кога науката ќе направи големи откритија во областа на нематеријалното.

Откако таа почина, се случи нешто малку страшно …

Точно во 9 часот и 20 минути кога пророчицата го напушти овој свет, стрелките на часовникот на ѕидот од нејзината соба престанаа да работат.