Поставување камен-темелник за новата трибина на стадионот на ФК „Шкупи“ во Чаир

Општина Чаир и Фудбалската федерација на Република Северна Македонија денеска ќе го постават камен-темелникот за изградбата на новата трибина на стадионот на ФК „Шкупи“.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот Висар Ганиу, претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини, како и претставници на државни институции и познати личности од спортот. 

Извор: Сител телевизија