Свет

Потона брод со мигранти во близина на брегот на Јемен: 49 мртви, 140 исчезнати

Потона брод со мигранти во близина на брегот на Јемен: 49 мртви, 140 исчезнати

Во бродска несреќа на брод со мигранти во близина на брегот на Јемен, најмалку 49 лица загинаа, а 140 се водат како исчезнати, соопшти денес Меѓународната организација на ОН за бегалци (ИОМ).

Во чамецот имало околу 260 Сомалијци и Етиопјани кои испловиле од северниот брег на Сомалија на пат од 320 километри преку Аденскиот Залив, но нивниот брод потонал во понеделникот во близина на јужниот брег на Јемен, се вели во соопштението на ИОМ. пренесува АП.

Во соопштението се наведува дека потрагата по исчезнатите е во тек, а досега се спасени 71 лице, а меѓу загинатите има 31 жена и шест деца.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни