Потпретседателот на Малави загинал во авионска несреќа со сопругата, пронајдени остатоците од авионот

Чилима (51) во Малави се гледаше како можен кандидат за претседателските избори следната година. Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима и девет други, вклучително и неговата сопруга, загинаа кога нивниот авион се урна во планинскиот венец Чикангава, соопшти владата. Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, го прогласи денeшниот ден за ден на жалост, пренесува CBS news. Ова беше објавено денес наутро во соопштение од Кабинетот на претседателот и Кабинетот, во кое се наведува дека „за жал, во несреќата загинале сите во авионот“. Несреќата се случила вчера наутро откако воен авион полетал од главниот град на земјата, Лилонгве. Чилима и останатите патници биле на пат кон погребот на поранешниот државен обвинител кога нивниот авион исчезнал од радарот. Претставниците на воздушниот сообраќај рекоа дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу поради слаба видливост и на пилотот му било препорачано да се врати во Лилонгве кога авионот исчезнал. Чилима (51) во Малави се гледаше како можен кандидат за претседателските избори следната година.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното