4NEWS.mk

Потврден 21 нов случај на коронавирус во Грција, вкупно 31

Од 24 анализирани сомнителни случаи, 21 се позитивни на новиот коронавирус во Грција и станува збор за лица кои паутвале во Израел и Египет, заедно со 67-годишниот маж, за кој вчера имаше потврда дека е заразен со коронавирусот,  со што бројот на Потврдени случаи кај јужниот сосед се искачи на 31, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција рече дека од 21 случај, девет лица се хоспитализирани, а останатите 12 се во домашна изолација. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни