Околу 9.000 луѓе се евакуирани од оддалечените региони во североисточна Канада поради шумски пожари, соопштија властите.
Локалниот функционер Џеф Моти рече дека на жителите на Лабрадор Сити и Вебуш им било наредено да ги евакуираат своите домови.
„Забележавме дека пожарот се движеше 50 метри во минута“, рече Моти, пренесе АФП.
Жителите на населбите лоцирани во оддалечен регион мора да се евакуираат на растојание од повеќе од 500 километри на исток по единствената достапна рута.
Моти истакна дека поради интензитетот на пожарот не можеле да користат специјализирани авиони.
Канада во моментов се бори со 575 активни пожари, а повеќе од 400 се смета дека горат надвор од контрола.
Голем број пожари избувнаа изминативе денови, особено во западниот дел од земјава поради топлотен бран.