Делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија.
- Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булевар „Борис Трајковски“ – крак 20 во населбата Усје, Кисела Вода.
- Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите на ул. Божидар Рајковиќ, дел од улиците Горноврановска и Горно Лисиче во општина Аеродром, како и дел од корисниците околу ул. Брсјачка Буна бр. 163 во Шуто Оризари.
ЕВН најави дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.