Абдирахман Абдишакур Варсаме, специјален претставник на сомалискиот претседател за борба против сушата, ја повика меѓународната заедница за итна помош за борба против тековната суша во земјата.
Подвлекувајќи дека на Сомалија и е потребна итна помош, Варсаме рече: „Сомалиската влада и меѓународната заедница треба да работат заедно во борбата против сушата и да им помогнат на погодените од сушата“.
„Сомалија ја доживува најтешката суша во својата историја“
Варсаме изјави дека сушата била негативна за целата земја, но оние кои ги напуштиле своите домови поради безбедносни причини се повеќе погодени од оваа ситуација и истакна дека работат на помош на луѓето и отстранување на пречките.
Координаторот на Обединетите нации (ОН) за Сомалија, Адам Абделмула изјави дека земјата ја доживува најтешката суша во својата историја.
Абделмула нагласи дека доколку не се обезбеди хуманитарна помош, многу луѓе се во опасност да ги загубат животите поради сушата.
Прогласена „вонредна состојба“ во ноември 2021 година
Милиони луѓе имаат итна потреба од помош во Сомалија, која нема доволно сезонски врнежи од крајот на 2020 година, според податоците на ОН.
Сомалиската влада прогласи „вонредна состојба“ низ целата земја на 23 ноември 2021 година, поради зголемената суша.
